Ивановски, Стојоски и Трајковски ги бранат боите на Македонија на БП во Истанбул

120

Македонија со тројца атлетичари ќе се појави на Балканското првенство за сениори во сала, кое утре почнува во Истанбул, Турција. На балканскиот шампионат ќе учествуваат 22 држави, членки на Балканската федерација, со преку 350 атлетичари.

Македонија ќе ја преставуваат Јован Стојоски во дисциплината 400 м., пријавен со личен резултат и рекорд на Македонија 47,18 секунди, Дарио Ивановски во дисциплината 3000 м. со личен резултат и рекорд на Македонија 8.01.63 минути, како и Андреас Трајковски, кој ќе се натпреварува во две дисциплини, скок во далечина со личен резултат и рекорд на Македонија 7,65 метри и 60 м. со личен резултат 6,90 секунди.

Дарио Ивановски минатата година донесе златен медал од ова првенство, па останува да видиме дали ќе биде потврден овој успех и закитен со уште некој медал.

ПретходноБарса може да потпише со Халанд само ако потпише и со Мазрауи?!
СледноИталија ќе не напаѓа со Пичини од Црвена Звезда