Италија ќе не напаѓа со Пичини од Црвена Звезда

1319

Според медиумите во Србија, за следнтие предизвици на репрезентацијата на Италија, повикан е во моментов офанзивецот на Црвена Звезда, Кристијано Пичини. Поточно, за дуелот против Македонија, во рамките од бараж полуфиналето за Мундијалот во Катар 2022 година.

Тоа значи дека Италија се потпира на играчи кои реалнo во моментов не играат во нивниот домашен шампионат како на пример Пичини но и Марио Балотели. Што е уште поважно, ако пак Италија е во моментов подготвена да се потпре на услугите на Пичини од Црвена Звезда, односно на Балотели кој игра во Турската Адана, тогаш ќе си дозволиме да констатираме дека „Азурите“ имаат сериозен проблем околу составот што се одлучуваат за повик на играчи од калибарот на Пичини.

Пичини инаку е екс играч на Валенсија, Спортинг, Бетис, Фиорентина играше главно на позицијата десен бек, а во кариерата има запишано 3 настапи за Италија. Во моментов има 29.години.

 

ПретходноИвановски, Стојоски и Трајковски ги бранат боите на Македонија на БП во Истанбул
СледноСтартува продажбата на билетите за големото дерби, приходот оди за развој на ракометот