Стартува продажбата на билетите за големото дерби, приходот оди за развој на ракометот

123

Дербито во Првата лига меѓу Голден Арт и Алкалоид е закажано за 10. март во СЦ „Јане Сандански“. И двата тима веќе имаат обезбедено пласман во плеј-офот, но победата ќе биде и тоа како важна, тимот кој ќе го освои целиот плен ќе пренесе максимален број на бодови.

Од таборот на домаќинот информираат дека билетите ќе бидат пуштени во продажба веќе утре, а цената на истите ќе изнесува 100 денари.

„Домаќинот на овој натпревар одлучи приходот од собраните средства од продажба на влезниците да го насочи во поддршка на македонскиот ракомет, за опремување со потребни реквизити и топки на неколку самостојни школи за ракомет низ целата држава“, велат од Голден Арт.

Продажбата на влезниците ќе се врши онлјан* ( https://www.kupikartizase.com/ ), во продажните места ( https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations ) на системот за продажба на влезници „Купи Карти За Се” низ цела Македонија и пред самиот почеток на натпреварот, на билетарницата во склоп на С.Ц „Јане Сандански”, два часа пред самиот старт на истиот.

Сите детали можат да се најдат на официјалната страница на Голден Арт.

ПретходноИталија ќе не напаѓа со Пичини од Црвена Звезда
СледноПрвата понуда за Челзи пристигна од Швајцарија