Дориан Бабунски повторно стрелец, Дебрецин поразен

260

Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски повторно стрелаше за екипата на Дебрецин, но денеска неговиот тим не успеа да извлече поволен резултат на гостувањето против Будимпешта Хонвед. Дориан погоди за израмнување на 2:2, но домашните до крајот на средбата од 23. коло на унгарскиот шампионат постигнаа уште два кога, за конечни 4:2.

За Дориан ова е трет гол во дресот на Дебрецин, откако и тој и неговиот брат Давид се дел од тимот. И Давид Бабунски денеска беше стартер за Дебрецин и одигра комплетни 90 минути, за разлика од Дориан кој беше повлечен од игра во 72. минута.

ПретходноФит Фан Волеј лидер во плеј-аут фазата
СледноВардар со победа во Велес се проби на второто место