На Прочка нема да има фудбал:Снегот го одложи денешното коло во ПМФЛ, среда е новиот термин!

1085

 

И официјално денеска на Прочка нема да се играат петте натпревари од 22.коло,или последно во вториот круг во ПМФЛ.Имено снегот одново ги изненади сите, па така нема услови за одигрување. Новиот термин е среда (09.03.) со почеток во 14 часот.

Да потсетиме денеска требаше да играат Работнички – Шкендија, Ренова – Шкупи,Струга ТЛ –Македонија ЃП, Брегалница – Пелистер и Академија Пандев – Борец, а вчера Тиквеш го победи Скопје со 3:0.

Тоа значи дека во среда по завршувањето на 22.коло ќе се знае и распоредот на третиот круг во ПМФЛ за тековната сезона, оној “бергер“ распоред.

ПретходноГи „извади од патики“: Димитријевиќ му „продавеше“ финти на Калатес (ВИДЕО)
Следно„Кралска“ партија на Леброн Џејмс, го затрупа Голден стејт со 56 поени (ВИДЕО)