Аргентинскиот интернационалец Анхел ди Марија ќе го напушти „Паркот на принцовите“ кога ќе му истече договорот со ПСЖ. 34-годишниот фудбалер не добил понуда за продолжување на соработката и се чини дека ќе оди во друг клуб. Се шпекулираше дека Ди Марија може да оди во американската МЛС или Кина, но јасно е дека тоа нема да се случи.
Аргентински „Ел Насионал“ пишува дека Ди Марија сака да остане во Европа, а и дека го контактирале три клуба – Јувентус, Барселона и Атлетико Мадрид.
Ди Марија и претходно беше поврзуван со Барселона, но никогаш не заигра на „Ноу Камп“. Според информациите на „Ел Насионал“ Ди Марија е најблиску до Барса.
Сите клубови му понудиле двегодишен договор, но не се познати и парите кои му ги понудиле.