Први април нема да биде априлили за нас во петок ако утре успееме да ја победиме Португалија и се пласираме на СП во Катар. Тоа ќе биде најголемиот спортски успех на некоја нашата репрезентација во историјата на самостојна Македонија.
Велиме дека 1 Април нема да биде шегачење само поради една работа. А таа е дека токму во петок на 1 Април ќе се одржи ждрепката за СП во Катар кое е закажано за ноември – декември оваа година.
Па така во случај на триумф утре на „Драгао“ во Порто, Македонија ќе се најде во 4 шешир од ждрепката која ќе се одржи во Доха (Катар).
Сепак за тоа дефинитивно ќе се знае дури во среда наутро откако ќе завршат баражите за пласман на СП во Европа.