Да ја оправдаме улогата на фаворит

189

Македонската репрезентација до 21. година денеска на Арената Тодор Проески во Скопје со почеток од 18:00 часот ќе го одигра својот квалификациски дуел против селекцијата на Фарските Острови во рамките од тековните квалификации.

Младите репрезентативци во овој дуел влегуваат по поразот од Србија на гостински терен со 2:1, и со желба истиот да биде што се вели надокнаден со три бода против еден од послабите противници во групата.
Тоа секако нема да биде ни малку лесно, затоа што Фарски Острови во моментов имаат ист број на бодови како и ние, по шест.

Сеуште сме во игра за тоа второ место кое што ни е целта во групата, со оглед на фактот што Украина нема да може да ги доигра мечевите од оваа кампања. Србија игра против Ерменија, но и против Франција потоа, па доколку ние освоиме полн плен денеска, а потоа и против Ерменија на домашен терен, имаме големи шанси да бидеме зад лидерот Франција на крајот.

 

ПретходноВо боите на Македонија: „Марка“ ја има насловната на денот! (ФОТО)
СледноТака нека биде и вечерва: Оваа Македонија блеска во март!