Менаџерот на Њукасл, Еди Хау веќе планира огромни промени во составот во текот на летото. Се чини дека „страчките“ се спасија од испаѓање по добрите резултати во последните месеци, па сега почнаа да мислат за тимот со кој ќе играат следната сезона.
Њукасл е подготвен да се раздели со Ален Сен Максимин, кој беше водечка фигура во изминатите неколку сезони и миленик на навивачите. Менаџментот е подготвен да го жртвува во процесот на развој на тимот. Клубот може да го продаде доколку некој понуди околу 50 милиони фунти за него.
Шефовите на „страчките“ вече имаат сума од 60 милиони фунти за летната селекција, но парите ќе бидат надополнети со продажба на дел од сегашните играчи. Се очекува клубот да се раздели со околу 10 играчи. Меѓу играчите кои би требало да се преселат на „Ст. Џејмс Парк“ се играчот на Нотингем Форест Бренан Џонсон и Муса Дијаби од Леверкузен. Њукасл подготвува и понуда вредна 20 милиони фунти за голманот на Брајтон, Роберт Санчез.