Интер нема да се раздели со аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез за помалку од 80 милиони евра, пренесува „Калчомеркато“.
Според изворот, за услугите на напаѓачот се заинтересирани два лондонски клуба, Тотенхем и Арсенал. Самиот Мартинез е среќен во миланскиот клуб и нема да бара трансфер во друг клуб, но од Интер ќе ги разгледаат сите понуди кои се над 80 милиони евра.
Аргентинецот постигна 14 гола и имаше две асистенции на 27 натпревари во Серија А оваа сезона. Тој исто така постигна гол на осум средби во Лигата на шампионите.
Актуелниот договор на Мартинез со италијанскиот клуб завршува во летото 2026 година.










