Дибиров најави: Ова е моја последна сезона во дресот на Вардар

308

Крилото на Вардар, Тимур Дибиров, кој речиси цела деценија е дел од скопските „црвено-црни“, во подкастoт „Само Ракомет“ јавно потврди дека ова за него е последна сезона во дресот на македонскиот шампион.

„Не знам дали е вистински момент или не, но сакам да објавам кај вас дека ова е мојата последна сезона во дресот на Вардар. Натпреварот со Веспрем беше мој последен во Лигата на шампионите за Вардар. Би сакал да одиме во Битола, да победиме и на тој начин да се збогувам со овој дрес“, вели Дибиров во интервјуто.

Дибиров вели дека за неговата тешка одлука постојат повеќе причини, но не сака да зборува за тоа.

ПретходноСудиската комисија на ФФМ призна: Пелистер и Тиквеш се оштетени!
СледноНајдобриот голман во светот се враќа дома: Ландин потпиша за Алборг!