Јавноста во Италија сеуште не може да се соземе од шокот кој им го приреди Македонија во Палермо и фактот дека нема да игра на Мундијалот во Катар. Се појавија деновиве некои надежи кај нив дека ако ФИФА го елиминира Иран од СП, тогаш Италија би можела сепак да настапи.
Вакво прашање денеска во Фиренца доби Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА кој им одговори на новинарите…
„Ајде ве молам бидете сериозни…“.










