Кадетите на Бутел се нови државни шампиони

144

Младите ракометари на Бутел Скопје се новите државни шампиони во кадетска конкуренција. Кадетите на Бутел во финалето на завршниот турнир кој се одржа во салата „Билјанини Изори“ во Охрид славеа против Алкалоиид со 22:20.

За Бутел овој трофеј има посебно значење, затоа што пехарот му го посветија на нивниот поранбешен клупски другар, Марко Божиновски, кој почина минатата година.

Инаку, Петар Цветковски беше прогласен за најдобар играч, додека за најдобар голман беше прогласен Наум Симјановски, и двајцата од РК Бутел. Признанието за најдобар стрелец на завршниот турнир од кадетското првенство отиде во рацете на Славчо Шулевски од Охрид.

 

ПретходноСелекторот на Холандија боледува од агресивна форма на канцер
СледноАлегри крена бело знаме: Немаме шанси за титула, сега ќе се бориме за Топ 4