„Скај Спортс“: Барселона го нуди Дест како дел од понудата за Левандовски

190

Барселона ќе му го понуди Сержино Дест на Баерн Минхен како дел од понудата за потпис на првиот голгетер на минхенци, Роберт Левандовски. Според информациите на англиски „Скај Спортс“, самиот Левандовски изразил желба да заигра за каталонскиот гигант и да биде дел од револуцијата на Чави Ернандез на „Камп Ноу“.

Барса веќе го вклучи во потесниот избор Александре Лаказет од Арсенал како резервна опција. За левандовски има неколку заинтересирани клубови, а во последно време се споменува и Манчестер Јинајтед.

Претходно„Комити“ со Вардар и на гостувањето во Веспрем
СледноСудиската комисија на ФФМ призна: Пелистер и Тиквеш се оштетени!