Гвардиола се пошегува: Ќе спремам неверојатна тактика против Атлетико, ќе играме со 12 фудбалери!

217

Во пресрет на утрешниот прв меч од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите против Атлетико Мадрид, на пресот Пеп Гвардиола, стратегот на Манчестер Сити по малку како да се пошегува, или подобро кажано беше повеќе циничен.

Тој на прашањето на еден новинар зошто толку дава внимание на тактиката, одговори…

Па, затоа што премногу размислувам за тактиката имаме добри резултати. Секој меч е различен, и затоа морам да смислувам некои нови глупи тактики. Видете, вечерва ќе бидам инспириран и ќе смислам неверојатна тактика. Утре ќе играме со 12 фудбалери“ рече покрај другото Гвардиола.

Инаку натпреварот се игра утре во Манчестер со почеток од 21 часот.

Реваншот е закажан за 13 април во Мадрид. Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе се сретне со победникот од двомечот меѓу Реал Мадрид и Челзи.

ПретходноТинте и Алтипармаковски ќе го водат Работнички! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноФОТО НА КОЛОТО: Гоце, готово е…можеш да се насмевнеш!