КОМЕНТАР НА 25.КОЛО: Бруно се смее, а Шкендија ПЛАЧЕ!

568

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Ова 25. коло коло ни донесе две тренерски смени, два откази во двата најтрофејни клубови кои играат во ПМФЛ. Прво Работнички му врачи отказ на Борче Христов по трите порази во серија и катастрофата со Струга ТЛ со 1:3 на свој терен, а денеска Шкендија, и редно беше, го откачи Бруно Акраповиќ.

Според фотографијата Бруно се смее, но Шкендија плаче, и треба да плаче.

Имено шампионот кој тоа ќе биде уште 3-4 кола, многу рано, нестварно рано ја загуби битката за титулата со Шкупи. Сега и излезот во Европа е под знак прашалник. Не се проблем само тие вчерашни 0:0 со Борец, проблем е што цела сезона Бруно не најде игра за да Шкендија “меле“ како што му доликува на убедливо најдобриот тим, според имиња, во Македонија. Да не говориме дека Шкендија има буџет заедно колку што имаат Шкупи и А. Пандев, да не говориме дека во тимот ги имаше еден Хасани, Захов, Бејтулаи, Дориев, Гури, Елези, Маркоски…. и уште многу други „ѕвезди“ а тој Бруно не може титула да освои во оваа ПМФЛ.

Фрапантно…

Затоа успехот на Шкупи е уште поголем.

Денеска Бруно доби отказ а веројатно нов тренер ќе биде Артим Шаќири. Авторот а овој текст ова го најави уште на 17 март, само тогаш пишав дека ќе се случи ова во мај.

Во ова 25.коло имаше и многу судиски грешки, но затоа за првпат Судиската организација јавно излезе и тоа го кажа. За тоа секако дека треба да се има доблест.

Во право се и Тиквеш и Пелистер, среќа што тие два меча со Шкупи и Македонија ЃП не решаваат директно за ништо, среќа…можевме само да претпоставиме што ќе беше ако за тие пенали на Чаир или во Ѓорче се одлучуваше кој ќе биде шампион или кој ќе испадне.

Исто така имаше и сензационални резултати, како оној во Струмица каде “пиратите“ победија со 1:2, а пред неколку кола на истиот терен беше 5:0 за А. Пандев.

Но, тоа е фудбалот, затоа е и интересен толку.

Веќе во среда на програмата е 26.коло…

ПретходноЧави: Ќе се бориме за титулата се додека имаме шанси
СледноСрамен потег на „ѕвездата“ на Јувентус!(ВИДЕО)