Чави: Ќе се бориме за титулата се додека имаме шанси

188

Тренерот на Барселона Чави Ернандез е задоволен од победата над Севиља од 1-0 синоќа на Ноу Камп. Каталонците одлично играат во моментов, резултатите се во нагорна линија.

Младиот стратег изјави по мечот дека се додека има теоретски шанси неговиот тим ќе продолжи да ја „брка“ титулата во Примера. Во моментов Барса заостанува 12 бода зад лидерот Реал Мадрид , но има и натпревар помалку.

„Многу сум среќен. Верувам во работата, напорите, пожртвуваноста и тимот. Одигравме добро, си помагавме, сите дадоа се од себе, и не престанаа да трчаат. Кога ќе ја има оваа основа на еден натпревар, резултатите ќе дојдат сами по себе. Ова е нашиот најсилен момент. Доминиравме против голем противник, тие се одличен тим, а Лопетеги е неверојатен тренер, овој успех вреди шест бода, веќе сме на второто место, победивме со еден гол, но пред натпреварот јас реков дека овој меч ќе биде вистинско финале“, изјави Чави.

 

 

ПретходноОфицијално: Шкендија со „шут – карта“ за Акраповиќ… Шаќири на клупата!
СледноКОМЕНТАР НА 25.КОЛО: Бруно се смее, а Шкендија ПЛАЧЕ!