Филаделфија го завери плеј-офот, Мајами го предводи Истокот (ВИДЕО)

92

Бројната кошаркарска НБА понуда синоќа донесе и неколку исклучително интересни дуели. Покрај победата на Далас на гостувањето кај Милвоки, одличен меч гледавме и во Клиленд, каде кошаркарите на Филаделфија ги победија Кавс со 112:108 и се пласираа во плеј-офот. Филаделфија ја предводеше Џоел Ембид со 44 поени, 17 скока, пет блокади и три асистенции. Џејмс Харден постигна трипл-дабл од 21 поен, 10 скока и 10 асистенции, а Тобијас Харис и Тајрис Макси додадоа по 11 поени.

Оклахома синоќа го совладаа Феникс со 117:96, со првиот трипл-дабл во НБА лигата на српскиот кошаркар Алексеј Покушевски. Без најдобриот стрелец Девин Букер, Феникс имаше очаен шут за тројка 18,4 отсто (7/38), најлош во сезоната.

Голден Стејт го совлада Сакраменто со 109:90 и го остварија вториот последователен триумф. Вориорс ги предводеа Ендрју Вигинс со 25 поени, пет скока и пет асистенции, Џордан Пул со 22 поени и Немања Бјелица со 19 поени.

Кошаркарите на Мајами со победата на гости кај Торонто со 114:109 го задржаа првото место на Истокот пред плеј-офот. Торонто, пак, го доживеа првиот пораз во последните шест натпревари.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Бостон – Вашингтон – 144:102

Милвоки – Далас – 112:118

ЛА Лејкерс – Денвер – 118:129

Индијана – Детроит – 117:121

Кливленд – Филаделфија – 108:112

Орландо – Њујорк – 88:118

Хјустон – Минесота – 132:139

Оклахома – Феникс – 117:96

Сан Антонио – Портланд – 113:92

Торонто – Мајами – 109:114

Сакраменто – Голден Стејт – 90:109

ЛА Клиперс – Њу Орлеанс – 119:100

ПретходноРеакција на Пелистер: Стојановски досуди два непостоечки пенали!
СледноСелекторот на Холандија боледува од агресивна форма на канцер