Хајдук и Атанасов ќе играат пријателски меч со Шахтјор Доњецк

127

Спортскиот директор на тимот на Шахтјор Доњецк, Дарио Срна, објави дека клубот добил официјална дозвола од страна на властите во Украина да ја напушти државата, и да се упати во Турција. Таму клубот ќе продолжи да тренира, а ќе одигра и неколку пријателски средби. Меѓу кои и против тимот на Хајдук, инаку екс клуб на Срна секако, за кој настапува во моментов Јани Атанасов.

Срна додава дека покрај овој пријателски меч закажани се и неколку навистина добри спаринг мечеви меѓу кои се оние против домашните Фенербахче, Бешикташ, но и со ПСЖ, Лацио и Севиља.

Шампионатот во Украина нормално е во прекин, поради воениот конфликт, но ете Шахтјор одлучи да замине во Анталија и да биде во тренажен процес, затоа што тоа во домашни услови во моментов не може да го направи.

 

 

ПретходноГраџан: Не чека тешка борба, верувам дека ќе излеземе како победници!
СледноМакедонија У19 на квалификациски турнир во Словенија