Драмите во Челзи никако да завршат: Тухел ќе се разведува!

1004
Семејна драма е новиот проблем на Челзи. Како што објавија англиските таблоиди, Томас Тухел, среде хаосот во клубот по принудното заминување на Абрамович, сега лезе во бракоразводна парница. Германскиот стручњак, кој ги предводеше лондончани до трофејот од Лигата на шампионите по само 4 месеци на чело на тимот, е пред развод од сопругата Сиси. Тие се во брак 13 години и имаат две ќерки. 
Британските медиуми тврдат дека 46-годишната бринета поднела барање за развод минатата недела, а на пријателите им признала дека нема да ја промени својата одлука.
„Сиси и Томас се обидоа да ја спречат разделбата, но на крајот немаше друг излез. Тоа е многу тажно, но сега нивниот главен приоритет е да се погрижат нивните ќерки да не станат жртви на семејни проблеми. Документите се поднесени и разводот е веќе во тек“, изјави извор за Дејли Мејл.
ПретходноИнзаги одбил нов договор со Интер
Следно„Комити“ со Вардар и на гостувањето во Веспрем