Младите ракометари на Бутел Скопје се новите државни шампиони во кадетска конкуренција. Кадетите на Бутел во финалето на завршниот турнир кој се одржа во салата „Билјанини Изори“ во Охрид славеа против Алкалоиид со 22:20.
За Бутел овој трофеј има посебно значење, затоа што пехарот му го посветија на нивниот поранбешен клупски другар, Марко Божиновски, кој почина минатата година.










