Тимот на МЗТ Скопје Аеродром, еден од нашите два претставника во АБА 2 лигата сезонава, во СЦ „Јане Сандански“ од 13 до 17 април ќе биде домаќин на завршниот турнир на оваа конкуренција.
Покрај МЗТ кој е учесник секако ќе партиципираат уште и екипите на Борац Бања Лука, Хелиос, Широки, Спарс, Младост Земун, Златибор и Сутјеска секако сите од ред најдобро пласирани екипи во АБА 2 лигата. МЗТ Скопје Аеродром го стартуа турнирот со четвртфиналниот дуел против тимот на Сутјеска.
Најдобриот секако остварува пласман во АБА 1, најдобрата конкуренција за следната сезона.











