Вечерва во меч од 31.коло во Серија А на “Сан Сиро“, Милан одигра само 0:0 против аутсајдерот Болоња, и со тоа загуби два златни бода во битката за титулата. Фаворитот во текот на целиот меч притискаше, ја имаше иницијативата, имаше и шанси, но никако не успеваше да дојде до водство. Болоња пак, посебно во првиот дел, имаше две големи шанси како производ на контрите и полуконтрите.
Со овој бод сега Милан и натаму е прв на табелата во Серија А со 67 бодови, само бод повеќе од Наполи. Шампионот Интер, кој вчера го победи Јувентус, има 63 но имеч помалку, токму тој со Болоња.
Да кажеме дека Ибрахимовиќ влезе во игра во 70.минута, а во 80.минута се здоби со повреда па мораше главата со завој да му биде преврзана.










