Онана е нов член на Интер

270

Досегашниот голман на тимот на Ајакс, Андре Онана од лето ќе биде нов член на тимот на Интер. Тој веќе го потпиша договорот за соработка со гигантот од Милано со што овој клуб ја решава голманската позиција за подолг период.

Иако на голот во моментов го има одличниот Хандановиќ, очигледно дека во Интер размислуваат за иднината, па така, се одлучија да ангажираат далеку помлад но во исто време и квалитетен голман.

Инаку, и договорот на Хандановиќ завршува на лето, а дали тој ќе остане во Интер ќе видиме по завршивањето на сезоната.

 

ПретходноНајдобриот голман во светот се враќа дома: Ландин потпиша за Алборг!
СледноДеспотовски со Будва го освои Купот, па сега оди на двојна круна во Црна Гора