Барселона ќе му го понуди Сержино Дест на Баерн Минхен како дел од понудата за потпис на првиот голгетер на минхенци, Роберт Левандовски. Според информациите на англиски „Скај Спортс“, самиот Левандовски изразил желба да заигра за каталонскиот гигант и да биде дел од револуцијата на Чави Ернандез на „Камп Ноу“.
Барса веќе го вклучи во потесниот избор Александре Лаказет од Арсенал како резервна опција. За левандовски има неколку заинтересирани клубови, а во последно време се споменува и Манчестер Јинајтед.










