БИБЛ: ТФТ декласиран на гостувањето кај Балкан!

90

ТФТ попладнево во меч БИБЛ лигата на гостувањето кај бугарскиот Балкан доживеа катастрофален пораз со 104-53. Сепак треба да се каже дека нашиот тим на ова гостување играше со комбиниран состав, ако се знае дека немаше никакви шанси да оди во следната фаза. Токму затоа неколкумина од оние најдобрите не настапија на овој меч.

Со ова ТФТ се прости од ова натпреварување и тоа во втората фаза од регионалното натпреварување на Балканот.

Дека ќе биде ова висок пораз за ТФТ се знаеше уште по првата четвртина која домашните ја добија со 36-10, и така се до крајот на мечот само ја зголемуваа разликата.

ПретходноСП со 48 селекции, Нов Зеланд ќе биде редовен учесник на Мундијалите…
СледноХрватските медиуми: Тот немал наркотични супстанци во крвта!