Англискиот шампион Манчестер Сити ја доставил својата прва официјална понуда за Ерлинг Халанд, тврди германскиот новинар Патрик Бергер.
Бергер повикувајќи се на информации од фудбалерот, вели дека „граѓаните“ ставиле на маса дури 105 милиони евра за потписот на Норвежанецот. Со ова тие имаат намера да ја активираат откупната клаузула на Халанд од 75 милиони евра и да ги платат провизиите на неговиот агент
Норвешкиот голгетер речиси сигурно ќе ја напушти Борусија Дортмунд на крајот од сезоната. Тој е поврзан со сите водечки клубови во Европа, вклучувајќи ги и Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Челзи.