Во двата меча од 33.коло во Ла Лига, актери беа и двајца наши репрезентативци. Столе Димитриевски беше одличен на голот на Рајо Валјекано на гостувањето кај Еспањол и еден од најзаслужните за победата на неговиот тим од 0:1.
Енис Барди не беше стартер кај Леванте, но влезе во 66.минута и беше еден од актерите во драмата на мечот со Севилја на кој славеа гостите со 2:3. Барди беше добар, но не успеа да помогне неговиот тим да дојде барем до бод. Севилја поведе со головите на Корона со 0:1 и 1:2. Интересно, на 1:2 Моралес за домашните не успеа да реализира пенал, а казната стигна во 81.минута кога Кунде погоди за 1:3. Сепак тоа не беше се, во финишот Солдадо намали на 2:3 а само неколку секунди потоа имаше и зицер за 3:3, но не успеа да погоди.
На крајот сепак резултатот беше 2:3 за гостите.