Баерн и дефанзивецот на Ајакс си подале рака

114

Дефанзивецот на Ајакс, Нусаир Мазрауи дефинитивно ќе се пресели во Баерн. Инсајдерот Фабрицио Романо на својата социјална мрежа објави дека Мароканецот се сели во Баерн, а зделката е целосно договорена. Дури и првиот лекарски преглед е веќе поминат.

Претходно беше објавено дека Мазрауи можеби нема да се пресели во Баерн поради смртта на неговиот агент Мино Раиола.

24-годишниот Мазрауи оваа сезона забележа 33 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи пет гола и четири асистенции. Тој е дете на Ајакс, каде и се приклучи на академијата на Ајакс на деветгодишна возраст.

ПретходноХрватите најавија напуштање на АБА лигата: Ништо не добивме од учеството во оваа лига!
СледноПо една година, Работнички повторно се искачи на шампионскиот трон