Двајца играчи на Реал го погодија точниот резултат против Сити!

370

Синоќа се одигра еден од најспектакуларните мечеви во Лигата на Шампионите во последно време. Реал Мадрид со 3:1 успеа да го победи Манчестер Сити во реваншот од полуфиналето во ЛП и со тоа да обезбеди финале.

Дека дел од играчите на Реал, и тоа како се добри прогнозери, покажаа Марсело и Маријано Диаз кои по мечот се пофалија дека го погодиле точниот резултат од 3:1.

Како што јавуваат од редовите на Реал, сите играчи добиле за задача пред мечот да го напишат на ливче, односно да го прогнозираат точниот резултат. Излезе дека само овие двајца “знаеле“ како ќе заврши овој натпревар, и тоа со 3:1.

ПретходноОва е новиот дрес на Ливерпул! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноУ-16: Македонија и со Косово победи на пенали!