Дурент: Ова е апокалипса, Љуљ: Добредојде во Европа (ВИДЕО)

1334

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Кевин Дурент, во синоќа беше дел од мечот во Пиреја, помеѓу домаќинот Олимпијакот односно гостинот Монако. Беше сведок на извонреден меч, како на теренот така и на трибините, каде што навивачите на Олимпијакос приредија како по обичај спектакл.

На ова, Дурент постирајќи видео на социјалните мрежи реагираше со коментар, „Апокалипса“ на што искусниот шпанец Серхио Љуљ кратко му реплицираше „Добредојде во Европа“.

Дурент исто така искоментира дека доколку навивач внесе и употреби факел на еден НБА натпревар како во случајов на салата во Пиреја, би завршил во најстрогиот американски затвор.

FOTO Panagiotis Moschandreou/Euroleague Basketball via Getty Images

ПретходноКипар ни врати со иста мера
СледноБаерн го претстави дресот за следната сезона (ВИДЕО)