Лука Дончиќ повторно осамен во поразот на Далас: Мајами и Феникс до 2-0 (ВИДЕО)

168

Феникс и Мајами дојдоа до водство од 2-0 во полуфиналната плеј-оф серија во НБА-лигата.

Санси по втор пат пред своите фанови беа подобри од Далас, сега ги совладаа со убедливи 129-109. Овој натпревар беше решен во последната четвртина. Кошаркарите на Далас како да исчезнаа од теренот, не можеа да погодат ништо, на крајот Феникс запиша убедлив триумф.

Лука Дончиќ пружи уште една добра партија, но беше осамен. Словенецот постигна 35 поени, пет скока и 7 асистенции. На другата страна Букер имаше 20 поени, додека Крис Пол 28.

Мајами пак славеше против Филаделфија, исто дојде до убедлив триумф (119-103). И на оваа средба гостите беа без помошта на својот најдобар кошаркар, Џоел Ембид. Па сето ова беше повеќе од доволна причина за да домашниот тим лесно дојде до водство од 2-0 во плеј-ф серијата.

Адебајо и Батлер беа лидери, првиот постигна 23 поени, додека вториот 22 поени. Максеј кај Филаделфија имаше 34 поени.

ПретходноИ Меси со свој коментар за мечот во Мадрид: Ова не може да биде вистина!
СледноНавивачите на Реал кој го напуштија „Сантијаго Бернабеу“ во 80. минута станаа хит (ВИДЕО)