Реал Мадрид обезбеди финале во Лигата на шампиони, по неверојатниот меч против Манчестер Сити, на кој славеа со 3-1 по продолжение. Реал до 90. минита беше на колена, но Родриго израмни на 1-1, а само една минута подоцна го постигна и вториот погодок. Во продолжениеја Карим Бензема од ги постави конечните 3-1.
Дел од навивачите на Реал Мадрид го напуштиле стадионот пред истекот на 90. минута. Како што пишува „Марка“ тоа го сториле во 80. минута, а кога го слушнале славјето на трибините, се обиделе да се вратат, но правилата се јасни. Полицијата од безбедносни причини не ги пуштила внате, па видеото кое се рашири на социјалните мрежи стана вистински хит.










