По санкциите од УЕФА, Русија подготви одговор за казната!

3228

Откако УЕФА во понеделникот ги потврди санкциите за Русија за следната сезона во сите натпреварувања под нејзината капа, стигнаа првите реакции од другата страна. Тамошната фудбалска федерација ни малку не е задоволна од одлуката, па веќе сериозно размислува во сезоната 2022/23 да ги промени страните и да пристапи кон Афричката фудбалска конфедерација.

„Мислам дека дојде време сериозно да се размисли за приклучување кон конфедерацијата на Азија. Не знаеме колку време ќе трае забраната за руските клубови и репрезентации, а отсуството од меѓународните натпревари ќе биде катастрофа за рускиот фудбал“, изјави некогашниот боксер Пирог за тамошните медиуми.

Многумина веруваат дека ова е само притисок врз Александар Чеферин за да ја спушти топката и да им дозволи на Русите на есен да се најдат во ждрепката за квалификациите за ЕП, додека пак има и такви кои веруваат дека не блефираат и дека ова вистинска желба на Русија.

Доколку на крајот дојде до промени во конфедерациите, Русија нема да биде прва. Австралија од спортски причини се пресели во Азиската фудбалска федерација и повеќе не е дел од Океанија. Додека пак Израел и Кахастан неодамна се под капата на УЕФА иако територијално не припаѓаат на Европа.

ПретходноНавивачите на Реал кој го напуштија „Сантијаго Бернабеу“ во 80. минута станаа хит (ВИДЕО)
СледноСпоред Гвардиола лошата игра во полуфинале е нормална?