Не минаа две минути откако во салата „Јане Сандански“ влегоа навивачите на гостинскиот тим, „Чкембарите“. Веднаш настана хаос, како обезбедувањето во оваа сала да не ја научи лекцијата, па дојде до пресметка меѓу битолчани и фановите на актуелниот македонски првак. Летнаа столчиња од страна на навивачите на МЗТ Скопје, па веднаш беа вратени од гостите.
За кратко време лицата задолжени за редот во салата и полицијата ја смирија ситуацијата, но одново имаше прекин на мечот овој пат поради запалените факељи од страна на навивачите на домашниот тим.
Инаку Пелистер на оваа средба има поддршка од 30-тина свои навивачи, кои после 16 години дојдоа да ги бодрат својот тим на еден гостински натпревар.
Да се надеваме дека дуелот меѓу МЗТ Скопје и Пелистер ќе се одигра во нормални услови и главни на оваа средба ќе бидат играчите, а не навивачите.










