Малку недостигаше Рафа Надал попладнево на АТП турнирот во Мадрид да биде елиминиран во осминафиналето и тоа од Давид Гофан. Сепак Шпанецот успеа да победи со 2:1 во сетови, а третиот решавачки сет го доби во тај-брекот во кој на чудесен начин спаси дури четири меч – топки. Гофан беше блиску до триумф, но сепак не успеа.
Првиот сет го доби Надал со 6:3, вториот му припадна на Гофан со 5:7 за да во третиот сет, во тај – брекот Шпанецот дојде до 11:9.
Претходно Новак Ѓоковиќ без борба се пласира во следната фаза, а таму се и Рубљев, Хуркач, Ѕверев, Циципас…










