Според Гвардиола лошата игра во полуфинале е нормална?

416

Манчестер Сити доживеа вистински шок, иако се чинеше дека е близу до финалето, од „Сантијаго Бернабеу“ си замина со пораз од 3-1. По дуелот тренерот на премиер-лигашот, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим не бил доволно добар за да обезбеди финале во Лигата на шампиони.

„Бевме близу, но на крајот не успеавме. Одигравме лошо во првото полувреме, но не бевме казнето. Го пронајдовме својот ритам, играчите се чувствуваа пријатно да теренот, сепк не издржавме до крај“, изјави Гвардиола.

Реал дојде до пресврт, со головите на Родриго и погодокот на Бензема од пенал во првото продолжение.

„Фудбалот е непредвидлив. Пред крајот на мечот Реал заигра со многу фудбалери пред нашиот гол. Не одговоривме најдобро на тоа. Не се снајдовме и тоа мора да го прифатиме. Не одигравме добро, тоа е нормално за едно полуфинале. Играчите беа под голем притисок“, додаде Пеп.

Сити останува да се бори за пехарот во Премиер-лигата, патот како најголем конкурент го има Ливерпул, кој ден порано завери финале во ЛШ. 

ПретходноПо санкциите од УЕФА, Русија подготви одговор за казната!
СледноНавивач го испровоцира Дончиќ, Словенецот го држеа да не го нападне (ВИДЕО)