Час по кошарка во Аеродром: МЗТ Скопје го демолира Пелистер (ФОТОГАЛЕРИЈА)

994

Една поинаква приказна во СЦ „Јане Сандански“ оваа сезона. МЗТ Скопје одигра доминантно против Пелистер, го доби дербито на шестото коло со убедливи 95-76 и бодовно се изедначи со битолчани. Овие два тима го делат врвот на табелата со 50 бода, гостите седум месеци беа лидери во домашниот шампионат.

За прв пат после 16 години на еден гостински меч, Пелистер имаше поддршка од 30 членови на навивачката група “Чкембари“. Само што влегоа во салата „Јане Сандански“ настана инцидент, летнаа неколку столчиња на двете страни. Први почнаа фанови кои беа во домашната трибина, па битолчани вратија, но обезбедувањето брзо ја смири ситуацијата.

Првото полувреме на дерби дуелот мина во знакот на актуелниот македонски првак. Гостите од Битола имаа водство само во првите две минути по 3-4, избраниците на Александар Петровиќ трпеливо во наметнаа своето темпо. Поведоа со 15-7 благодарение на расположениот Дејвис, во шестата минута имаа двоцифрени 21-11, па 26-16. На крајот на овој период беше 26-19.

Битолчани се обидуваа да го извадат од ритам противникот, дојдоа на 35-31, по што веднаш следеше одговор од МЗТ Скопје, со серија од 9-0 зголеми на 44-31 на 40 секунди до крајот. Пелистер набрзина позтигна четири поени, но Војдан со тројка на одморот зголеми на 47-35.

Дамјан и Војдан Стојановски, и Рикиќ не застанаа, заедно го повлекоа МЗТ Скопје, кој поведе со 60-40 во 24 минута. Две минути подоцна Војдан со тројка зголеми на 66-44. Предноста беше зголемена и на плус 23 (78-55) пред стартот на последните десет минути од оваа средба.

Илиевски посака неговите момци со агресивна игра во одбраната да го сменат текот, но оваа вечер беше во знакот на „сино-белата“ боја. Првиот пораз од МЗТ Скопје битолчани долго време ќе го паметат, неа надиграни во секој поглед, на теренот за жал не видовме рамноправна битка која што му доликува на еден дерби меч, „забавата“ ја расипаа кошаркарите на Петровиќ.

На крајот шанса добија и младите кошаркари од клупата, имаа шанса да го почувствуваат како е да се игра на еден ваков меч.

Милошевиќ имаше 17 поени, еден помалку запиша Дејвис, Рикиќ имаше 13 поени, еден повеќе од Дамјан Стојановски. На другата страна Малешевиќ имаше 17 поени, Кесар 15.

ПретходноНЕ за “Шверцерите“ во Тетово: Шкендија не дозволува гостински навивачи на дербито со шампионот!
СледноНадал спаси четири меч – топки и се пласира во четвртфиналето!