Ибрахимовиќ: Крајот е блиску, но…..

269

На три кола до крајот во Серија А екипата на Милан има најголеми шанси да ја освои титулата.

Покрај ова во фудбалските кулоари во Италија главна тема на разговор е до кога Златан Ибрахимовиќ има намера да игра фудбал. Тој пред извесно време истакна дека ако Милан сезонава ја освои титулата тој ќе замине во фудбалска пензија. Да потсетиме дека и со свои 40 години, тој и натаму е најдобриот фудбалер на “росо-нерите“, иако во последно време повредите му прават големи проблеми.

Секако дека сум фрустриран, како и секој фудбалер и јас сакам да играм на секој меч, а не можам поради повредите. Играчите се како војници, го следат истиот ритам, а јас тоа го правам вече 25 годин. Да, навистина крајот е блиску, но сепак се чини дека сеуште не е време за пензија“ истакнува Златан.

ПретходноНеверојатниот Карлито: Анчелоти со рекордно петто финале во ЛШ
СледноИталијанецот е неверојатен: Анчелоти откри мала тајна!