Големото дерби помеѓу Шкендија и сега веќе актуелниот шампион во ПМФЛ, тимот на Шкупи, кое се игра утре на стадионот во Тетово, добива најава како ретко кој меч во домашното првенство. Веќе една недела како овие два тима, а меѓу нив и Фудбалската Федерација на Македонија, кореспондираат со молби, барања, соопштенија, околу тоа дали во Тетово, треба, е дозволено или не е дозволено да пристигнат гостински навивачи во случајов популарните „Шверцери“.
Шкендија најпрво го одби барањето на Шкупи, и соопшти дека нема намера да дозволи „Шверцери“ да пристигнат во Тетово, за да денеска лиферува ново соопштение на ниво на клуб, со кое вели дека утре влезот на натпреварот ќе биде бесплатен.
Со тоа, автоматски нема да има никаква пречка „Шверцери“ да се упатат кон Тетово, и да присуствуваат на овој меч.
Од Чаир вечерва Спортмедиа дознава дека се подготвува вистински навивачки караван за утрешниот меч, кој ќе број околу 1000 навивачи на Шкупи. Очигледно дека „Шверцери“ планираат да бидат помногубројни од домашните „Балисти“ и тоа на нивен терен и да направат спектакл среде Тетово.