Ветеранот Улрих го продолжи договорот со Баерн

100

Голманот на Баерн Минхен Свен Улрих останува во редовите на германскиот шампион уште една сезона откако денеска потпиша продолжување на договорот до јуни 2023 година. Ветеранот во германската Бундес лига дојде во Баерн во 2021 година и до сега одигра само шест првенствени натпревари, а е резерва на стандардниот Мануел Нојер.
Инаку Улрих бранеше во Баерн од 2015 до 2020 година, потоа една сезона играше во Хамбургер па се врати во Минхен. Од 2008 до 2015 година беше стандарден голман на Штутгарт.

ПретходноИлјада „Шверцери“ утре ќе го бодрат Шкупи
СледноНеспортски потег или случајност: Погледнете ја повредата на Морант (ВИДЕО)