Бундеслигашот Волфсбург го именува новиот тренер на местото на Флоријан Кофелд. Хрватскиот стратег Нико Ковач се враќа во најсилната германска лига, а сега како тренер на Волфсбург со кого потпиша договор до 2025 година. За асистент ќе го има неговиот брат Роберт Ковач.
Ковач како тренер на Ајнтрахт го освои Купот на Германија, како предводник на Баерн беше шампион и освојувач на Купот во сезоната 2018/19. Потоа една сезона беше на кормилото на Монако со кого стигна до финале на Купот на Франција, а сега почнува нова авантура во Волфсбург.
Инаку Волфсбург заврши на 12. место на табелата во Бундес лигата.