Шмит на кормилото на Бенфика: Ова е еден од најдобрите клубови во светот

198

Германскиот стратег Роџер Шмит е новиот тренер на трофејниот португалски клуб Бенфика. Тој синоќа пристигна во Лисабон, а денеска ќе го потпише договорот и ќе почне со работа.

Убаво ми е во Лисабон. Ја сакам Бенфика. Сакам да играме убав фудбал и да бидеме успешни. Бенфика е еден од најдобрите клубови во светот. Воодушевен сум и среќен од шансата што ми е дадена. Што се однесува до тимот, потребни се некои корекции и се надевам дека тоа ќе го решиме пред почетокот на новата сезона. Има голем квалитет во оваа екипа, а со добра стратегија и подготовка ќе бидеме уште подобри“, изјави Шмит.

ТОј доаѓа од редовите на ПСВ, а исто така работеше во Падерборн, Салцбург, Баер Леверкузен  и кинески Пекинг Гуан. Инаку Бенфика оваа сезона ја заврши на третото место на табелата што значи дека ќе игра квалификации за ЛШ, па тоа ќе биде првата задача за новиот тренер, да го квалификува тимот во групите.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Нико Ковач е новиот тренер на Волфсбург
СледноНајдобриот швајцарски голгетер стана тренер на Базел