Аргентина ја „демолираше“ Италија и го крена пехарот „Финалисима“ (ВИДЕО)

541

Репрезентацијата на Аргентина го освои трофејот „Финалисима“ победувајќи ја на „Вембли“ селекцијата на Италија со 3:0.

Аргентина практично го демолираше европскиот првак и по 29 години повторно имаме победник на овој трофеј во кој се сретнуваат шампионите на Европа и Јужна Америка.

Аргентинците беа подобри од самиот почеток, па до крајот на натпреварот и ја имаа иницијативата, додека Италијанците изгледаа прилично загубено и демотивирано.

Лаутаро со гол по асистенција на Меси го отвори резултатот во 28. минута, за пред крајот на првиот дел Ди Марија да зголеми на 2:0.

Конечните 3:0 ги постави Дибала со гол во судиското продолжение на крајот на мечот.

ПретходноУкраинците триумфално на „Хемпден Парк“: Ќе играат со Велс за виза за Катар (ВИДЕО)
СледноФранција ќе остане без трка во календарот на Формула 1 за следната година?