Франција ќе остане без трка во календарот на Формула 1 за следната година?

145

Организаторите на Француското ГП и натаму се обидуваат да го продолжат договорот со Формула 1, иако за тоа, според сите проценки, има мали шанси.

Актуелниот договор на трката со Либерти Медиа истекува на крајот на 2022 година и се уште не е потпишан нов договор.

Во исто време, две нови трки гарантирано ќе се појават во календарот на Ф1 следната година – Големата награда на Катар и ГН на Лас Вегас. Можно е и враќање на Кинеското Гран При, но судбината на азиската етапа во голема мера ќе зависи од политиката на ограничувања на властите во земјата поради пандемијата.

Според условите на договорот меѓу Либерти, Ф1 и тимовите, бројот на Гран При трки по сезона не смее да надмине 24. Според тоа, барем една од тековните трки ќе го загуби местото во календарот на шампионатот, па оттука Французите се најблизу до заминување од календарот. Исто така, во последни денови влегуваат и договорите н атрките за ГН на Монако и ГН на Белгија.

ПретходноАргентина ја „демолираше“ Италија и го крена пехарот „Финалисима“ (ВИДЕО)
СледноДе Брујн доби тренерска А лиценца на УЕФА