На “центарот“ неискусни судии од Луксембург!

162

Пред два дена „Спортмедиа“ објави дека судиска четворка од Луксембург е делегирана за овој натпревар кој се игра денеска на “Викторија“ стадионот и тоа меѓу Гибралтар и Македонија.

Главен судија е Алан Дуро, а него ќе му помагаат Даниел Да Коста, Клод Рајс и Лорен Коприва. Сите четворица се Луксебург.

Интересно е тоа што за сите нив ова ќе биде прв ваков меч од висок ранг, односно квалификациски. Досега имаат судено на евро – сцената, но се тоа биле далку поневажни мечеви од овој што ќе започне попладне во 18 часот меѓу Македонија и Гибралтар.

Да се надеваме дека нивното неискуство нема да ни претставува проблем и дека ќе имаме добро судење.

ПретходноУ-21: Теоријата вели дека Македонија на крај може да биде и трета во групата!
СледноМото ГП: Квартараро прв на целта на трката во Каталуња!