У-21: Теоријата вели дека Македонија на крај може да биде и трета во групата!

250

Вечерва во Истанбул, нашите надежи до 21. години ќе и гостуваат на Украина во последниот меч во квалификациската група Х за пласман на ЕП 2023.

Нашата експедицијата предводена од селекторот Драган Канатларовски од вчера е во Истанбул, одработен е вообичаениот тренинг, а лоша вест е дека заради повреда нашата У-21 репрезентација ќе мора без Арби Воша, кој беше еден од подобрите во овој квалификациски циклус.

Во пресрет на средбата вечерва, Македонија на табелата во групата се наоѓа на 5.место со 9 бодови, исто толку има тимот на Ф. Острови кој е четврти, а третата Србија има 11 бода. Интересно е тоа што во последниот меч овие две селекции играат меѓусебе и тоа на Ф. Острови, и во случај на триумф на домашниот тим, а ние претходно вечерва славиме со Украина, нашата млада селекција овие квалификации може да ги заврши на третото место.

Тоа го вели теоријата…

ПретходноПознат стартниот состав: Напаѓаме со Трајковски и М.Ристовски, Николов и К. Ристевски меѓу стартерите…
СледноНа “центарот“ неискусни судии од Луксембург!