На неколку часа до почетокот на мечот меѓу Македонија и Гибралтар, меч од 2.коло во УЕФА Лигата на Нации, кој започнува од 18 часот познат е составот со кој нашата А-репрезентација ќе го започне дуелот.
Иако беа најавувани повеќе измени во однос на натпреварот со Разград, по се изгледа дека ќе има само две. И тоа место Дарко Велковски, кој се жали на поситна повреда, во дефанзивата ќе биде Кире Ристевски, додека место Дарко Чурлинов, кој не се снаоѓа најдобро против “бункер“ на противникот, во составот ќе биде Бобан Николов.
Па така се очекува формацијата да биде 4-4-2. На голот ќе биде Димитриевски, во одбраната Ашковски, Алиоски, Муслиу и Ристевски, во средниот ред Николов, Барди, Елмас и Спировски и најистурени во нападот се очекува да бидат Трајковски и М. Ристовски.