Вилфред Гнонто дебитираше во дресот на италијанската репрезентација во ремито со Германија 1:1 на „Ренато дал’Ара“ во Болоња во рамките на Лигата на нациите. Младиот напаѓач влезе во второто полувреме. Селекторот Роберто Манчини во него виде потенцијал, нешто што не го препозна Антонио Конте во Интер.
18-годишниот фудбалер е под договор до 2023 година со швајцарскиот клуб Цирих, а Конте го повика во репрезентацијата.
Како Интер и Конте му дозволиле на фудбалерот со потекло од Брегот на Слонова Коска да си отиде? Според „Газета дело Спорт“, младиот фудбалер ја одбил понудата на Интер во 2019 година. Тоа требало да биде неговиот прв профи договор во кариерата.
Интер му понудил тригодишен договор, Гнонто тогаш тренирал со првиот тим на Интер меѓутоа не бил во прв план кај Конте кој форсирал друг млад фудбалер, Себастијано Еспосито.
Гнонто очекувал поинаков третман, посебно по трите гола за време на СП за играчи до 17 години. „Нероаѕурите“ не ја подобриле понудата, па Гнонто си заминал.
Од друга страна и правилата биле против младиот фудбалер. Имено клубови од Серија А не можат да понудат пред договори за малолетни играчи и со тоа им овозможуваат на истите да направат трансфери во странство. Тоа се случи со Џанлука Скамака, кој во 2016 година од Рома се пресели во ПСВ или Фредерико Македа, кој го замени Лацио со Манчестер Јунајтед во 2007 година.
Така Гнонто прифатил да игра за Цирих.










