Катастрофален крај на лоши квалификации

326

Македонската репрезентација до 21. година вчера доживеа тежок дебакл на последниот квалификациски дуел од тукушто завршената кампања против репрезентацијата на Украина од 4:0 во Истанбул. Со овој пораз ние останавме на девеетте освоени бодови, и завршуваме како претпоследни во групата единствени пред Ерменија која пак има два меча за доигрување и реоретски може на контото на крајот да има бодови колку нас.

Што да се каже за дуел во кој ние и донекаде добро се држевме, а потоа во радиус од дваесетина минути од 69. минута до крајот на средбата примивме четири гола и навидум мечот кој го имавме под контрола се претвори во катастрофа. Дебаклот во моментов и не е така важен, затоа што е крај на кампањата но ако истата се погледне во целина, можеме слободно да констатираме дека е промашена. Генерацијата која заминува не ги исполни очекувањата, селекторот Драган Канатларовски ќе мора на претпоставените да им договори од стручен агол што се случи и како да се продолжи понатаму.
Следната генерација, од кои дел од тие играчи веќе имаат голема минутажа, сега ќе одигра две пријателски средби во Скопје против репрезентацијата на Босна и Херцеговина на 10. односно 12. јуни.

 

ПретходноЛиверпул остварил контакт со агентот на Дарвин Нуњез
СледноКомнен Андриќ: Ги разбирам навивачите на Хајдук, па Адеми има сам повеќе титули од целиот клуб